Социјала

Čehia: I nevianavkerdi direktorka Javno sastipaske isi la storia ko kerde anti romano rasizmo ko olakere anglutne fb komunikacie bašo COVI

Чешка: Новиот Главен службеник за јавно здравје во Чешка има историја на Анти-Ромски расизам во нејзините претходни јавни комуникаци во врска со Ковид-19

Чешката Новинска Агенција извести дека новиот Главен Службеник за Јавно Здравје во Чешката Република ќе биде директорот на Моравско-Шлезиски Регионален Оддел за Јавно Здравје, Павла Сврчинова, но кратката најава на таа вест не успеа да спомне дека во Октомври, Сврчинова сподели расистички виц на нејзиниот Фејсбук Профил поврзан со Владините Мерки во борбата против КОВИД-19.  Дали Анти-Ромскиот расизам треба да биде нов вид на комуникација која ќе ја поттикне јавноста на Чешка да ги следат Владините мерки против пандемијата, од кои некои претходно останаа на сила само неколку часа, веројатно е прашање за неговиот главен П.Р. Гуру, Марек Прчал.

 

Во Октомври, Сврчинова го сподели овој Анти-Ромски виц: “Феро Лакатош си го ограби сопствениот стан. Тој ги следи правилата и работи од дома. Биди како Феро.“

 

По скриншот на тој пост кој беше масивно споделен низ социјалните мрежи, започнаа многу влијателни новинари да коментираат на тој пост, постот беше избришан околу 19:30 вчеравечер, и по 20:00 нејзиниот Фејсбук профил го снема. Сврчинова потоа даде класичен изговор за IDNES.cz порталот за постирањето на таа шега, твдрејќи дека таа нема никаква врска со тоа и негира дека таа е личноста која ја сподели таа шега.

  

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/brand-new-czech-chief-public-health-officer-has-a-history-of-anti-romani-racism-in-her-previous-public-communications-about

“Јас од секогаш сакав девојче“: Скандал со насилно стерилизирани Чешки Ромки

Чешките пратеници ќе расправаат за нацрт-законот за компензација на жените бидејќи државата одбива да признае “обид за Геноцид“.

Елена Горолова имала само 21 година кога го родила својот втор син. „Лекарот ми рече дека ќе треба да се породам со царски рез, инаку во спортивно би го ризикувала моето здравје и здравјето на бебето“. Во породилната сала, медицинската сестра и даде документи кои требаше да ги потпиште. „Имав толку голема болка...Не бев во состојба да размислувам за тоа што го потпишувам“, вели социјалниот работник од Чешка. Таа несвесно потпиша договор за стерилизација. Досега, Чешката Влада официјално не го признаваше тоа и не ги обештети Ромките како што е случајот со Горолова, за агендата за евгеника предводена од владата од раните 1970-ти до официјалното укинување во 1993 година.

Никој не знае колку жени биле погодени од ова. Европскиот Центар за Правата на Ромите вели дека стотици жени биле систематски стерилизирани во текот на 90-тите години на минатиот век, последниот познат случај се случи некаде во 2007. Сега дискусијата за предложениот закон за да им се дозволи на жртвите на присилна стерилизација да аплицираат за компензации е закажана за следната Парламентарна Седница во Среда. Нацрт-законот од 2019 со кој се предлага исплата од 10.200 Фунти на жртвите, никогаш не стигна до усвојување. Ромите се најголемото малцинство во Чешка, со проценето население од 250.000 жители.

 

 

Link: https://www.theguardian.com/global-development/2021/mar/08/czech-republic-roma-women-forcibly-sterilised-scandal?fbclid=IwAR2QjK4qUzieQ6khi2qLc-4IDGdb3YsFbzf3wPKrO-fxrIZA6CLsOte4iPw

Веапоска не го прифаќа извештајот на Лeкaрската комора- правдата ќе ја барам до крајот на животот

Родилката Јилдиз Веаповска која остана без матка, бубрег и јајник не го прифаќа Стручниот наод на Лекарската комора во кој не се констатира никаков лекарски пропуст од страна на д-р Мухамед Асани.

Во изјава за медиумите таа побара Комората јавно медицински да образложи како е можно да остане без три органи, а да нема лекарска грешка.

-Дали е ова нормално, ни јавноста, ни никој да не знае кои се од Лекарската комора докторите што го вештачат ова, што треба да одлучат дали има лекарска грешка или нема. Никој не знае, но докторот, директорот знае кој е во Комисијата. Јас не го прифаќам ова бидејќи сите доктори што биле, се Албанци. Ниту немало Македонец. Заминав здрава и права во Струга на породување. Заминав да се породам, а по породувањето излегувам без бубрег, без матка и без јајник. И тоа се будам на КАРИЛ. Нека излезе Лекарската комора јавно нека образложи медицински зошто се тргнати тие органи, ако немало лекарски пропуст. Тогаш што може да има?, прашува Веапоска.

Од Министерството за здравство потврдија дека стручниот наод не констатирал лекарска грешка, но чекаме детали што точно е констатирано.

Ковид пасоши, вакцинирање и Ромите

Ромите низ историјата беа познати како народ кој не се здржувал долго на едно место, народ кој талка. Но времињата се сменијаи се смени менталитетот на Ромите, но желбата за слобода остана. Во последните 6 -7 децении припадниците од ромската заедница од Балканот во европските земји емигрираа поради повеќе фактори - еконномски, политички и општествени, По либерализација на визниот режим голем број на Ромизаминуваа во ЕУ на тримесена работа. Лидерите на ЕУ ја разгледуваати опцијата воведување на дигитален сертификат со кој би се докаѓала имунизацијата од COVID-19, и би се олеснило патувањето. Лидерите на ЕУ имаат на располагање 3 месеци за да може системот да профункционира, каде се очекува дека голем број на граѓани ќе биде вакциниран, пишува Еуроактив.

“Постои концензус дека електронскиот сертификат ќе биде брзо подготвем и да се воведе кога ќе има доволен број на вакцинирани луѓеЌ нацеде неименуван извор од Брисел. Јасно е речено дека таков документ нема да им се даде на луѓето кој ја прележале заразата, туку само на тие кои примиле вакцина , а која е одобрена и од ЕУ.

 

Link: https://romaworld.rs/kovid-pasosi-vakcinacija-i-romi/?fbclid=IwAR2duXC6tsOfsLqUgb5RrwiEbrxkTJ8_sbrBM87hut_35pQCTKyYH4Q-dMg

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 307 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата