Социјала

Европската комисија предложи да се вовдат Ковид пасоши за слободно патување во рамките на ЕУ

Европската комисија предложи воведување на сертификати за вакцинирање, што на 450 милиони жители на Европската Унија ќе им овозможи слободно да патуваат низ 27-те земји-членки ова лето. Планот, за кој ќе се дискутира на самит на лидерите на ЕУ следната недела, предвидува создавање на таканаречени ковид пасоши кои би го олесниле патувањето од една во друга членка на Унијата. За оваа тема се дискутираше со недели и притоа дојде до поделба помеѓу членките. Идејата најгласно ја туркаа оние чии економии на големо се зависни од туризмот, како Грција, Шпанија и Португалија, со цел при влез во земјите да се избегнат тестирања и карантини. Од другата страна на дискусијата беа земји како Франција и Германија, кои сметаа дека е прерано да се воведат ковид пасоши, оценувајќи ги како дискриминирачки, бидејќи мнозинството жители на ЕУ сѐ уште не се вакцинирале против ковид-19. Новиот документ ќе се вика Дигитален зелен сертификат и бесплатно ќе го добијат сите државјани на ЕУ кои ќе приложат доказ дека примиле вакцина против ковид-19, но и оние кои имаат негативен тест или го прележале вирусот.

Младите Роми и натаму на маргините: Само четворица од десет завршуваат средно образование

Основното и средното образование се задолжителни во Македонија, но, во ромските населби само три четвртини од децата на соодветна возраст тргнуваат во прво одделение, помалку од две третини продолжуваат во шесто, а околу една третина се запишуваат во средно. Поразителни се и податоците од пазарот на трудот.Во невладината „Ромаверзитас“ одамна забележале дека многу деца не се запишуваат во средно, па директно помагаат да ги вратат во образовниот процес. Прво, почнале со стипендии за високо образование, а подоцна 100 средношколци завршиле средно образование со нивна парична помош, туторство и совети за кариерен развој. „Ромаверзитас“ се грижи средношколците да ја добијат соодветната пракса. Само 36,9% од Ромите успеваат да стигнат до диплома за завршено средно образование. Или, од секои 100 деца, петто одделение ќе завршат околу 79. Дел од нив или воопшто не го продолжуваат образованието или ќе се откажат во погорните одделенија, па деветолетка ќе завршат само 56 деца на секои 100 деца. Во средно не продолжуваат сите кои ќе завршат основно, па диплома за средна стручна спрема ќе земат само 37 на секои 100 Роми.Во базата на Агенцијата за вработување, само годинава, како невработени се водат 14 208 Роми. Споредено со другите помали етнички заедници, Ромите се најбројни по невработеност и покрај тоа што според последниот попис, не се најбројната помала етничка заедница. Како ранлива група, Ромите се квалификуваат за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на Агенцијата за вработување.

 

Link: https://360stepeni.mk/video-mladite-romi-i-natamu-na-marginite-samo-chetvoritsa-od-deset-zavrshuvaat-sredno-obrazovanie/

Србија: Лажен повик во име на организацијата Help, граѓаните да не наседнуваат на тој повик!

Се предупредуваат граѓаните и пошироката јавност дека непознати лица ги повикуваат своите сограѓани и се претставуваат како вработени во германската организација Help-Hilfe zur Selbsthilfe, нудејќи им помош. Лицата кои лажно се претставуваат како работници за помош ги испрашуваат  поканетите граѓани за нивната финансиска состојба, средства за безбедност и грубо ја нарушуваат приватноста на поканетите лица. Исто така, тие инсистираат на плаќање на такса за учество за проверка на кредитниот биланс, што „Help“ не го прави. Инаку тоа не е пракса во работенњето на „Help„ никаде во светот.

 

Се замолуваат граѓаните кои добија или ќе добијат слична покана да не бидат жртви и случајот да го пријават во полицијата, како и слободно да ја контактираат канецларијата на Help-Hilfe zur Selbsthilfe .

 

Link: https://romaworld.rs/lazni-pozivi-u-ime-organizacije-help-gradjani-ne-nasedajte-na-to/

 

Ромски Пратеник во Шпанија предлага подобрување на пристапот на Ромите во образованието и да се додаде Анти-Ромскиот сентимент во кривичниот законик

Агенцијата за вести Ројтерс изјавува дека, околу милион Роми живеат во Шпанија денеска, таму тие се познати како Хитанос. Тие веќе со векови се предмет на прогонување и на длабоко вкоренет острацизам и предрасуда во општеството Како последица на нивната нееднаква позиција во општеството, членовите на оваа група се соочуваат со високи стапки на невработеност, сиромаштија и лоши животни стандарди. Работите сега може да бидат подобри, бидејќи предлогот кој има за цел да се справи со длабоката вкоренета нееднаквост што ја претрпуваат Ромите во Шпанија, ја освои меѓупартиската парламентарна поддршка на крајот на минатата година.

Новиот предлог бара државен пакт кој ќе се бори против дискриминацијата врз Ромите и предлага сет мерки како што се подобрен пристап до образование и елиминирање на лошите градби, и за антициганизмот кое служи како мотивација да се додаде во државниот кривичен законик. Владата мора да одговори на предлогот во наредните шест месеци, според Исмаел Кортез, еден од трите Ромски Пратеници во Парламентот – највисокиот број до сега!  

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/romani-mp-in-spain-introduces-bill-to-improve-roma-access-to-education-and-add-anti-romani-bias-to-the-criminal-code

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 358 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата