Социјала

ИРИЗ бара најбрзо изнаоѓање на решеније на проблемот со матичен лекар во поликлиниката во Ш.Оризари

Општина Шуто Оризари и нејзините граѓани се соочуваат со едно од најтешките предизвици во последната деценија. Поради заминување на неколку матични лекари во пензија, околу 4000 илјади граѓани на Шуто Оризари останале без матичен лекар. Покрај возрасните, околу 1200 деца се исто така без матичен лекар. Дополнително на ова уште неколку се подготвуваат да заминат во пензија. Значи ли тоа дека Шуто Оризари ќе остане без матични лекари...

Министерство за здравство, Здравствен Дом Скопје и ФЗОМ веќе подолго време немаат чувство за да се реши овој проблем кој од ден во ден се повеќе се продлабочува.

Затоа, ИРИЗ будно го следи овој проблем и со цел да им помогне на нашите сограѓани поднесе барање до горе споменатите институции за итно решавање на овој проблем со поддршка од 11 Партнерски организации.

Во иднина следат серија на активности за актуелизирање на овој проблем и обид за решавање на истиот, иако ова е процес кој очекуваме да трае подолго...

Харша - првиот индиски крал со ромско потекло

Харша (590–647. година), познат како Харшавардан (Harshavardhan), е првиот индиски крал за кој се смета дека имал ромско потекло. Беше на чело на кралството во северна Индија од 600. до 647.година, чиј центар најнапред беше во Танесар (Источен Пенџаб денешен Харијана), а потоа во Канауџ=с (Утар Пардеш) и го симболизира крајот на периодот на стара и почеток на средновековна Индија.

Харша се стекнал со почит и изградил авторитет во војувањата против Белите Хуни . Него го прослави и успешното решение на клановските конфликти , кои секогаш ги имаше на северот од Индија. Од тие причини стана и будист и му овозможи на Канаус да стане будистички центар. Државата која ја створил беше направена според централистички модел. Трагичниата семејна случка каде како причините беа политички и победата од страна на јужноиндискиот крал Пулакешин II (610–642. година), кој навлезе во Малва, регион од посебен историски значај предизвикувајќи потреси во кралството.

Косово: На парламентарните избори во Косово избрани и двајца ромски преставници

На неодамнешните Парламентарни избори на Косово кои се одржаа на 14 февруари годинава убедлива победа однесе Движењето на Албин Курти и „Самоопределување„. На годинешните општи избори учествуваа 28 политички субјекти За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваа 1.068 кандидати.

Меѓу нив имаше и кандидати Роми. Според  извештајот од ДИК од Косово , во парламентот влегоа и двајцата кандидати од Ромска Иницијатива. На овие избори пратеници станаа Фадил Гаши кој освои 1928 гласа додека вториот е Хатиџе Ѓорѓевиќ со 713 освоени гласа. Всушност Хатиџе е и првата жена Ромка избрана за пратеник во Косовскиот парламент.

Бон: 7-годишно момче Ром сместено во дом. Протест пред канцеларијата за социјална помош - Да се запре трауматизацијата на ромските деца!

Канцеларијата за згрижување на младите во Бон без разбирливи причини го сместило 7 годишното дете Ром во дом. Дедо му имал единствено старателство од раѓањето на неговиот внук и дошол во Германија со момчето од Чешка пред три години. Човекот има 50-ти години и работи тука додека момчето посетувало училиште.

Во октомври 2020 година, момчето не дошло како и вообичаено дома. Дедото се јавил во училиштето и дознава:  „Вашиот внук веќе нема да се врати кај вас дома“. Канцеларијата за социјална помош на млади го зеде.

На судското рочиште на крајот на октомври, старателството на дедото беше повлечено, иако момчето во текот на судењето постојано изјавуваше дека сака да се врати кај неговиот дедо. Извештајот на лекарот исто така документира дека дедото е најважниот негувател на 7-годишното дете. Нема сомневање за злоупотреба или други разбирливи причини зошто момчето не треба да живее со неговиот дедо. Човекот не знае во кој дом на деца е неговиот внук и не го видел веќе четири месеци, бидејќи канцеларијата за социјална работа на младите и домот го спречуваат тоа.

Земање на деца од страна на властите има долга традиција на институционална дискриминација на Ромите. Затоа на протестите бараат момчето да се врати во семејството!

 

Link: https://ran.eu.com/7jahriger-roma-junge-ins-heim-gesteckt-kundgebung-vor-bonner-jugendamt-stoppt-die-traumatisierung-von-roma-kindern/?fbclid=IwAR0PNKfe546fmvGsFzu778XCxB64PvbTTxq-SKWzIikENRKwBaToFS3RD6I

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 329 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата