Социјала

Тивкиот скандал на Европа: Деца Роми во државни институции за згрижување

Додека со векови, расистичките приказни ги предупредуваа децата да не талкаат низ шумите за “да не ги украдат циганите“, историската реалност е сосема спротивна. Ромските деца се тие кои што се киднапирани од страна на властите кои ги одделија од нивните семејства; киднапирани и ставени во сиропиталишта од страна на власти кои се настроени кон присилена асимилација, или во случајот со Нацистите и нивните сојузници, грозоморни експерименти и уништувања. Во демократскиот 21 Век, диспропорционалните броеви на деца Роми се отстранети од нивните биолошки семејства и се ставени во институционална државна грижа.

Новиот извештај од страна на ЕРРЦ  насловен како “Уништени Животи“, кој е изграден врз база на факти кои се собирани десетина години и врз база на правни предизвици на вакви дискриминаторни практики низ десетина држави, покажа дека, многу Ромски семејства кои се во ризик немаат пристап до социјална поддршка, а превентивните мерки се во многу мал број, често пати дури и не постојат во опустошените региони каде што потребата е најголема.

И покрај декларираниот недостаток на етнички поделени податоци, истражувањето покажува дека на пример во Словачка, каде што Ромите се 6-8% од целовкупното население, околу 63% од децата кои што се во државните згрижувачки институции се Роми. Ромите во Романија се 8.32% од целовкупното население, но преголемата застапеност на ромските деца кои се згрижени се движеа од 35% до 75% според регионот.

 

Link: https://www.travellerstimes.org.uk/features/europes-silent-scandal-romani-children-state-care-institutions?fbclid=IwAR3YiEmzpwXoGCHvWjQ1e6Y0io7xporK1U2KuXu62our2Ketus4bTg_jB5w

Почина познатиот новинар и ромски активист од Албанија, Арбен Костури

По двонеделна битка со ковид-19, вчера почина Арбен Костури - Бени, познат новинар од Корча, член на Унијата на албански новинари, како и претседател на организацијата „Дисутни Албанија”, соопшти Унијата на новинари на Албанија

 

Педесетгодишниот Арбен Костури повеќе од две децении подготвуваше радио и телевизиски програми на ромски јазик и е еден од основачите на Унијата на новинари. Големи заслуги има во борбата за правата на припадниците на малцинствата, пред се, на ромската и египќанската етничка заедница во Албанија. Неговиот ангажман и придонес беше огромен. Истовремено беше голем  пријател и ги следеше активностите на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов, кој воедно испрати сочусвство до семејството, роднините и пријателите на Арбен Костури.

Заеднички настап на Србија, Франција и Белгија низ проектот „Ромите џезираат низ креативаната Европа„

Млади ромски и неромски музичри од Србија , Франција и Белгија во следните две години ќе настапуваат и вежбат заедно во склоп на проектот „Ромите џезираат низ креативаната Европа„ најавуваат од Нешвил. Поврзивање на музичарите, промоција на ромската музика како и отворена музичка размена се главните цели на овој проект, велат организаторите.

Возраста на музичарите е меѓу 18 и 32 години.  Во наредните две години ќе се соберат по 8 млади музичари од секоја држава и секој во својот град ќе го вежба фестивалскиот програм.

Фестивалите во Белгија и Франција се одржуваат во текот на месец  април  но поради пандемијата со Ковид 19 најверојатно првиот собир ќе им биде на фестивалот Нешвил во Ниш , во месец август оваа година.

Покрај Џез фестивалот во Ниш, Нешвил  учество земаат и фестивалите Welcome in Tziganieод Франција и Balkan Traffic од Белгија.

Проектот ROJAZE (Roma jazzing Europe) е поддржан пд ЕУ програмата  “Креативна Европа”.

 

Link: http://www.portal-udar.net/zajednicki-nastup-srbije-francuske-i-belgije-kroz-projekat-romi-dzeziraju-kreativnom-evropom/

Внукот на Тито, Јошка Броз открива што му открил дедо му како негова најголемма грешка - „Тоа што го потпишав Уставот од 1974„

Јосип Јошка Броз, политичар и угостител од Србија и внук на Тито, пред неколку години откри и што мисли за односот помеѓу Тито и неговата сопруга Јованка, како и некои детали за погребот на Тито. Јошка Броз рече дека по една операција го прашал Тито која е неговата најголема грешка.

Јосип Броз рече: „Фактот што го дозволив уставот од 1974 година, кој беше на мојата маса цели десет дена“. - Тој устав беше почеток на распадот на Југославија и Партијата и републиките и сè друго - рече Јошка Броз.

Јошка Броз вели дека Тито не сакал да го потпише Уставот, а на прашањето зошто не стави вето, тој одговори: „Како демократ, не сакав да дозволам да бидам надгласан во Собранието. Можев да ставам вето, тоа е грешката што јас  ја направив “.

Тој додаде дека уставот го потпишаа Мика Шпиљак и Киро Глигоров, а законот, меѓу другите, го форсираа Едвард Кардеj и Стево Крајачиќ.

 

Link: https://www.vecernji.hr/vijesti/titov-unuk-otkrio-sto-mu-je-djed-priznao-kao-svoju-najvecu-pogresku-1471569?utm_source=Midas&utm_medium=Widget&utm_campaign=24sata.hr%2bSpecial%2bExchange

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 367 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата