Социјала

Белград: Седум ромски деца повредени од струен удар!

На 12 март околу 17 часот , седум ромски деца беа повредени за време на експзозија предизвикана од струен удар на улицата Галиполе во ромската населба Чукарица. Од нив четри се со изгореници по телото опасни по живот, беше речено од Универзитетската детска клиника во Белград.

Според првите информации децата си играа на купиште отпад под далекуводот и според зборовите на сведоците најверојатно станува збор за т.н. електричен лак.

По инцидентото местото на настанот беше посетен од страна на преставници од локалната самоуправа и неколку ромски НВО и активисти.

Инаку НВО секторот реагира дека државата е пасивна во многубројните проблеми со кој се соочуваат ромските населби и овој случај не е прв.

Тие потестуваат дека индолентниот однос на државата предизвика неколку несреќи во изминативе години .

  • 2020 година пожар во куча на едно многубројно ромско семесјтво во
  • 18.1.2020. во пожар без кров над глава останаа две ромски семејства од Бујановац.
  • 2008 година пожар во Бежанија во Белград
  • 2016 година во пожар изгореа до темел 6 бараки во ромската населба на улица Милорад Јовановиќ
  • Пет ромски семејства останаа без покрив над главата во пожар во населбата „Мали Лесковац„ во Миријево

Дали животот на Ромите во Србија ќе биде некогаш безбеден и нормален? До кога вака?

 

Link: https://www.danas.rs/drustvo/sestoro-dece-i-jedna-odrasla-osoba-tesko-povredjeni-u-eksploziji-na-cukarici/

Брчко, БиХ: Пукање во населбата Прутаче. Едно лице е повредено

Според неофицијални информации за кој моментално се познати во населбата Прутаче, во близина на Брчко на 11 март во доцните часови дојде до револверска пресметка каде едно лице е потешко повредено и се наоѓа на интензивна нега во болницата во Брчко.

Мештаните од оваа населба се уплашени и стравуваат за својата сигурност , затоа што како велат не е ова прв пат да се случува во нивното место.

Целата случка се случи во неколку минути.

За потсетување дека во оваа населба живеат голем број на Роми кој скоро се и заборавени од локалните власти. Тука често има несреќни настани кој често завршуваат и трагично, Граѓаните сведочат дека често има самоубиствам сообраќајни несреќи, каде живото го губат и многу деца. За потестување во 2019 година во оваа населба имаше и еден пожар каде живото го изгубоја две деца.

 

Link: http://www.portal-udar.net/pucnjava-u-naselju-prutace-jedna-osoba-povrijedjena-ceka-se-reakcija-nadleznih/

Ќе се попишува или во двор или на тераса

Спроведувањето на пописот ќе се врши на терен со попишувачи кои треба да влезат во секое домаќинство, што значи дека физичките контакти се неминовни. Во такви секој попишувач ќе користи лична заштитна опрема што се состои од заштитна маска, спреј за дезинфекција на раце и каљачи.

Протоколот за заштита опфаќа:

- Задолжително носење заштитна маска (KH95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето.

- Задолжително одржување на пропишаната дистанца (1.5-2 метра) за цело времетраење на попишувањето во домот.

- Се забранува вадење, поместување и менување на заштитната маска додека трае попишувањето во домот.

- Се забранува пиење и јадење додека трае попишувањето во домаќинството.

- Користење средства за дезинфекција на рацете при влегување и при излегување од домот.

- Надворешна дезинфекција на лаптопот пред влегување и по излегување од домаќинството.

- Доколку постојат услови, треба да се искористи секој можност за попишување во двор, на тераса, веранда со задолжително носење маска и држење дистанца.

- Пред влегување во домаќинството, попишувачот задолжително да стави каљачи на обувките.

Шахпаска : Министерството продолжува со поддршката на ромската заедница, преку активно вклучување на Ромите на пазарот на труд, предучилишното образование и обезбедување на лични документи

Министерката Шахпаска ја истакна важноста од вклучувањето на Ромите  на пазарот на труд, преку информирање за активните мерки и политики на Агенцијата за вработување, потоа обезбедувањето на документи за лична идентификација, на што Министерството за труд и социјална политика активно работи,  подигнувањето на јавната свест за вклучувањето на децата роми во предучилишно воспитување и образование и продолжување на образовниот процес. Таа истакна дека ова е еден од  начините на реализација на  концептот еднакво општество за сите, односно еднакви можности за сите граѓани.

Соговорниците се согласија дека од клучно значење за успешноста на проектот е дирекна комуникација со ромската популација во заедницата каде што живеат, на локално ниво, со цел воспоставување на дијалог меѓу  граѓаните од ромска националност  и институциите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 347 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата