Социјала

Учеството во Пописот е задолжително, бојкотот е кривично дело

„Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик и предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако пак поради делото не е спроведено или значително е отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка, или ако делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 5 години“, е истакнато на редовната прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, која ја одржаа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Србија: За невработените по 120 евра, за околу 3.000 музичари по две минимални плати

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во интервју за РТС  им вети на невработените по 120 евра помош од државата.

- Невработените ќе добијат 120 евра оваа година. Сите невработени и полнолетни ќе добијат два пати по 30 евра во мај и ноември и уште 60 евра во јуни - нагласи Вучиќ и додаде:

- Добра вест има и за музичарите, тие не се во системот за даночни обврзници , но се околу 3.000 и за нив ем се подрготвува исто така финанскиска подршка од исплата на две минимални плати.

Таа одлука оваа надела ќе ја донесе Владата на Србија

Тука се планира помош и за пензионерите.

– Парите се даваат поради општа потрошувачка , и се подига степенот на придонеси. Имаме 62.1 милијарди вишок во буџетот. Во декември и ноември трошоците се повисоки , се што е послабо пресметано во претходната година, Нам ни е многу поважен стандардот на граѓаните него тие пари. - нагласи Вучиќ

 

Link: https://www.blic.rs/biznis/vesti/nezaposlenima-po-120-evra-vucic-najavio-novi-paket-pomoci-i-za-muzicare-i-hotelijere/x1j177y?ref=fbblic&fbclid=IwAR1L6QjAvUkn3-4bcTocRByqR-HFMEIRQ7kE5tPjUzei_H7pZidxgZkonkI

Жителите на Шуто Оризари се надеваат дека златна рипка ќе им го реши проблемот со матичните лекари

Расте нетрпеливоста меѓу граѓаните од Шуто Оризари. Во моментов, на еден матичен лекар во поликлиниката од оваа Општина има 3000 пациенти кои се прегледуваат. Ова особено ја отежнува работата и го загрозува здравјето додека вирее Ковид-19. Жителите во случај да се заразат, не можат да закажат термин за тестирање. Затоа, Иницијативата за развој и инклузија на заедниците од Скопје денеска симболично и’ даде признание, на како што велат, најлоша поликлиника во градот.

Од Влада, пак, на денешната прес-конференција велат дека до нив не стигнало официјално барање од иницијативата за овој проблем, но истакнуваат дека Министерството за здравство не може да назначи матични лекари.

„Постојат законски постапки како некој може да отвори ординација како матичен лекар. Тие се уредени со Законот за здравствена заштита и подзаконските акти како: Правилник за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, започнување со работа и вршење на здравствената дејност во здравствена установа. Откако ќе се завршат сите тие постапки, Министерството само издава дозвола за работа“, велат од Влада.

 

„Нашиот апел до сите е дека во тек на пандемија не смее да се дозволи да се остават граѓаните без здравствена заштита и матичен лекар“, рече тој.

Ова се случува додека 250 лекари по општа медицина, од кои само еден Ром, се пријавени како невработени, според информациите кои иницијативата ги добила од Агенцијата за вработување.

 

„Особено загрижува игнорантскиот однос на институциите и Министерството за здравство, пред се. Не може да се каже дека објавуваат постојано јавно огласи за концесионери и да не се преземе ништо, кога знаеме дека тука живее најмаргинализираното население кое е во социјален ризик и токму на нив им е потребна примарна здравствена заштита“, се надоврза Салија Бекир Халим од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

 

Link: https://www.radiomof.mk/zhitelite-na-shuto-orizari-se-nadevaat-deka-zlatna-ripka-kje-im-go-reshi-problemot-so-matichnite-lekari/

 

Насилство во Струмица, говор на омраза и дезинформации

Струмичанецот Игор Рекорт Вцкоф пред некој ден беше брутално претепан со палки и тупаници од десетина лица во центарот на Струмица. Во видеото објавено на Фејсбук страницата СтрумицаОнлине, се гледа како поголема група го тепаат Вцкоф, но исто така може да се забележи дека има уште едно лице (веројатно момче) кое е тепан.

Она што можеше да се види на видеото, му претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното, а која била иницирана поради тоа што според коментарите и сведештвата на социјалните мрежи е дека „Ѓ….ците од Баница“ ја вознемирувале вработената во казиното, па поради тоа беа претепани.

Тепаниот Вцков на Фејсбук вели дека бил во казиното да игра, и пред да започне со играта побарал пиво од вработената. По извесно време побарал уште едно пиво пришто вработената одбила да му даде. Потоа, според неговото сведоштво, следуваше физичка пресметка со обезбедувањето на казиното. Тепачката од казиното се префрли во центарот на Струмица, каде беше брутално истепан. Тој исто така обвини дека тепачите беа дел од „обезбедување на Заев“ и го повика премиерот и институциите да го расчистат случајот.

Основното јавно обвинителство Струмица, по допрен глас, оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка

„Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот. Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот“, велат од ОЈО.​

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 453 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата