Социјала

Вандалски чин во Србија: Со спреј врз споменикот на стреланите Срби, Евреи и Роми во Крагуевац

Градските власти во Крагуевац најостро го осудија сквернавењето на споменикот на стреланите Срби, Евреи и Роми во населбата Багремар и апелираа до надлежните институции да ги откријат и казнат сторителите. Како што е објавено на интернет страницата на Град Крагуавец, споменикот е прекриен со графити со спреј.

На местото на споненикот, на 20 октомври во 1941 година, нацистичката војска погуби 41 Евреин и 81 Србин и над 20 Роми (претежно деца од 10 до 15 години) во знак на одмазда за своите убиени војници, пренесува телеграф.рс.

На 20 октомври секоја година, Меѓународниот ден на Холокаустот, местото го посетуваат претставници на градските власти и на амбасадата на Израел при што се испраќаат пораки за мир и толеранција.

Стотина ромски семејства во Струга бараат социјални станови за достоен живот

Жителите од ромската населба во Струга се жалат дека условите во кои живеат се неиздржливи. Импровизирани бараки и трошни куќарки опколени со отпад, неасфалтирани и каливи улици ваква е сликата на ромите покрај реката Црн Дрим . Тие бараат да им се доделат социјални станови за да имаат еден достоинствен живот.

Дополнително она со што секојдневно ромското население се соочува е проблемот со тешки социјални случаи кои се борат и размислуваат што денеска да сработат за да можат да донесат некаков приход во семејството. Тие се жалат дека надлежните само им ветуваат подобрување на условите за живот но од сето тоа сеуште ништо.

Од Акционерското друштво за станбен и деловен простор пак на став дека засега нема проект за изградба на социјални станови во Струга.

Музичари Роми протестираа во Кичево за враќање на свадбите

На градскиот плоштад во Кичево пред неколку дена се одржа протест на музичари Роми од овој град, кои бараат да се вратат свадбите за да можат да заработуваат за живот.

-Нашата егзистенција ја обезбедувавме единствено преку музиката со свирење на свадби и друг вид веселби. Изминатите 12 месеци останавме без основните приходи и веќе сме на работ на егзистенцијата. Ако не се променат работите и повторно не почнат да се организираат свадби, ќе доживееме  целосен финансиски  колапс. Нашиот глас треба да го слушне Владата, за да подаде рака и да разбере дека и ние сме луѓе што имаме право на живот, истакна Идавер Реџепоски.

Покрај музичарите Роми, на протестот беа и поголем број пејачи од другите етнички заедници, како и цели музички групи, кои ги поддржаа музичарите зашто, велат, тие се  дел од загрозената категорија граѓани кои не можат да заработуваат како во нормални околности.

Мартина Наумовска е единствена што ги заврши двогодишните студии по ромски јазик

Запознавањето нова култура, начин на живот и јазик поинаков од нејзиниот отсекогаш ѝ било предизвик на Мартина Наумовска. Баш поради тоа и се решила да се запознае со ромскиот јазик, како јазик на заедница која е составен дел од нас и си има своја историја, култура и традиции. Мартина сè уште е единствениот дипломиран студент кој ги има завршено четирите семестри по ромистика на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа таму се стекнала со дипломата по македонски јазик и јужнословенски јазици, односно отсек македонски јазик и книжевност - наставна насока.

Сепак, отсекот по ромистика брзо се укинал, така што Мартина е дел од првите тројца студенти што ги посетувале тие предавања и смета дека треба оваа катедра да се врати.-

На почетокот од првиот семестар бевме запишани само тројца студенти што го имавме избрано овој јазик, а групата ја водеше почитуваниот професор д-р Љатиф Демир. Немаше голема заинтересираност затоа што беше прва година откако ромскиот јазик влезе како составен дел на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Иако на почетокот бевме неколку студенти, на крајот јас бев единствената што ги заврши двогодишните студии по ромистика. Двогодишните студии опфаќаа следење на наставата по јазик, историја и култура на Ромите, а со самото тоа неизоставен дел беа и колоквиумите и испитите што беа во рамките на овој предмет - вели Мартина.

Љубовта кон ромскиот јазик кај Мартина се родила уште додека била во основното училиште во родното Кичево. Тогаш била воведена настава на мајчин јазик за учениците од помалите етнички заедници, а неа тоа многу ја заинтересирало и необично ѝ звучело, така што целата приказна почнала уште тогаш.

Според неа, интересот за изучување на ромскиот јазик е поголем од кога било и не би требало да остане само на маргините на основното образование.

- Од лично искуство, од досегашното мое работење како наставник и од големиот број ученици што го избираат и следат предметот Јазик и култура на Ромите, можам да кажам дека интересот е голем. Секое дете уште поцврсто стои на свои нозе и има поголема самодоверба изучувајќи ги својот јазик, традиција и историја во училиштата. Катедрата по ромистика, како што нагласив и претходно, верувам и се надевам дека наскоро ќе го добие своето место на еден од наставничките факултети и дека оттаму ќе излегуваат нови кадри со нови идеи и сигурни реализации. Децата заслужуваат да го уживаат тоа право - вели Мартина.

 

 

Link: https://www.fakulteti.mk/news/01032021/martina-naumovska-e-edinstvena-shto-gi-zavrshi-dvogodishnite-studii-po-romski-jazik

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 323 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата