Социјала

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник 1 март официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб страницата на Државниот завод за статистика, а линк до неа ќе постави и Министерството за надворешни работи.

Помош за пополнувањето на апликацијата иселениците ќе можат да добијат и од сите дипломатско-кознуларни претставништва кои веќе добиле инструкции и отвориле телефонски линии кои ќе им бидат достапни 24 часа.

„ Апликацијата е достапна на осум јазика. Оние кои се подолго заминати ако имаат проблем со разбирање на јазикот , ќе може да се попишат и на англиски јазик“, рече министерот, Бујар Османи и објасни дека иселениците ќе можат да се попишат и од мобилен телефон.

Министерот Османи нагласи дека резултатите од попишувањето на иселениците се од исклучителна важност за државата.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски рече дека апликацијата е лесна и едноставна за пополнување, идентична на онаа по која ќе се попишува и во државата, а податоците од иселениците ги чекаат заклучно со 31 март.

„Процесот на попишување ќе биде преку веб – апликација која е едноставна. Секој во странство лесно може да ја пополни. Единствен услов е да се најави со својата имејл адреса. Пристап до апликацијата од Македонија нема, а за податоците што ќе ги остават преземени мерки со кои ќе бидат заштитени.

Од понеделник почнува попишувањето на уште пет категории граѓани односно во соработка со Министерството за одбрана почнува попишувањето во Армија, во соработка со Министерството за правда почнува пописот на лицата во казнено поправните установи, а во соработка со Министерството за труд и социјала во истиот период, ќе се попишуваат и лицата во воспитно – поправни домови.

Ромологија: Племиња (кланови) и лични имиња кај Ромите

Племиња (кланови) и лични имиња кај Ромите малу се истражувани. Имињата на племињата се од индиско потекло и на јавноста и беа достапни благодарние на ромските писатели или истражувачи од ромско потекло.

Мина („рибино око“) е племе кој преку Индија сега живее и од Србија, до Канада и САД.

Варијанта на Минајаши ја има кај Калдершите. Инаку Калдерашите прават казани кој на романски „калдар„ е казан.

Некои од племенските имиња кои не се ромскинапример „Шајн„ ги има во Војводина и Хрватска е од персиско потекло и во превод значи - сокол.

На Балканот и во други земји има ромски групи кои имаат презиме од своите предци кој например племето Мачваја е од Србија која се иселиле многу одамна и сега тие племиња ги има во Аргентина Бразил и САД,

Племињата Серви се бројна група на Роми во Украина и Русија.

Машки и женски имиња од индиско потекло се следните: Машки - Биџе, Бхува, Дрона, Шеро, Џанго, Гога, Голи, Гуга, Јаја, Кало, Калеа, Коко, Лоло. Моне, Мурга и др. Женски имиња се - Кали, Кенда, Мона, Тота,Тула...

На индиски тоа би се превело како Гола - округло, Шеро- лав, Тула - вага и др.

Бугарија: Една година од смртта на 16 годишниот Људмил, сеуште никој не е виновен

Пред една година на 14 февруари 16 годишниот Људмил од ромската населба „Факултетите„ со својот татко поминувајќи по тротоар згазил на еден гол кабел кој беше на самата улица. Случајните минувачи, неговиот татко, а подоцна и лекарите не успеале да го спасат.

Според таткото, трагедијата се случила во секунди. Во меѓувреме, сè уште не е познато кој ги поседувал вратилото и каблите што ја предизвикале смртта на момчето. Скоро 24 часа по трагедијата, институциите ја префлуваа вината еден на друг кој е виновен за смртта.

Под раководство на Обвинителството на градот Софија, се води истрага за претходна постапка за предизвикување смрт поради незнаење или несовесно вршење професија или друга законски регулирана активност.

Градоначалникот на областа Тријадица, Димитар Божилов, формираше работна група на експерти, кои извршија увид на местото на инцидентот. Имаат и фотографии. Податоците од оваа инспекција ќе бидат доставени до истражните органи. Ова го објави окружната администрација.

Во потрага по правда, роднините на починатото дете подготвуваат протест во населбата Факултета, велејќи дека ќе се борат за она што се случило да биде казнето. Адвокатите веќе ги контактирале и им понудиле бесплатна правна помош. До тогаш сеуште ќе лебдее - Кој го уби Лудмил?

Дел од изданието „Ромологија„ од Рајко Ѓуриќ - Ромите во Германија

Германската влада остави најболна трага врз животите на Ромите и Синти. Некои наслови на указот, од кои имало 148 меѓу 1500 и 1800 година, сведочат дека владата воопшто не се однесувала кон нив како кон луѓето, т.е. дел од човечката раса, туку како „птици“, инсекти, штетници итн. Во указот од 4 септември 1498 година, тие биле третирани како „Вогелфреи“, што значи дека тие биле надвор од сите закони од тоа време. За тоа детално пишуваа германскиот историчар Јоаким С. Хоман (1953–1999) и писателот Ример Гилсенбах (1925–2001). Историските извори датираат од овој период, долг 447 години, ги бележат сите значајни настани и настани поврзани со животот и судбината на Ромите. Грубо кажано, Ромите во Германија беа без сончева светлина. Заради илустрација, корисно е да се потсетиме дека скоро сите закони против Ромите беа потпишани од црковни великодостојници и германски кралеви. „Таткото“ на протестантската црква во Германија, Мартин Лутер (1483-1546) и неговите најверни следбеници, кои дале многу придонеси кон антисемитизмот, „благословувале“ антициганизам и поддржувале или поттикнувале многу мерки против Ромите во Германија. Меѓу државните високи и власти ќе ги споменеме императорот Максимилијан Први (1493–1519), електорот Август фон Саксенан (1553–1586), електорот Јохан Гeорѓи Втори (1656–1680), царот Фердинанд Први (1531–1558), електор Вилхелм Први 1688), кралот Фредерик I од Прусија (1701–1713), кралот Фредерик II од Прусија (1730–1772). Анализите покажуваат дека станува збор за систематски организирана акција и вооружена неправда (што Аристотел сè уште ја сметаше за најстрашна неправда), што им беше нанесена на голи раце, што е скоро невозможно да се најде во аналите на европската историја.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 281 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата