Социјала

22 годишната трудница која почина од Ковид е Ромка од населбата Даме Груев. Трипати доаѓала на Клиника, но одбивала да биде хоспитализирана

Пациентката која почина на 22 години, дојдена е на Клиника на 23-ти ноември и тоа по трет пат, откако претходната ноќ доаѓала двапати и одбивала да биде хоспитализирана и и било објаснето дека се става во ризик себеси, но и бебето, па по примена инфузија се потпишала и заминала.
Директорот на ГАК Викторија Јовановска за медиумите кажа: „Кога дојде утрото повторно дојде таа веќе имала мртов плод и многу влошена состојба и веднаш е префрлена во шок соба и породена е со царски рез. Таа била 27 недела и прва бременост, но не одела на редовни контроли- вели директорката.
Одбила да остане бидејќи требало да биде хоспитализирана во делот кде што се лекуваат ковид позитивни пациентки, а таа имала негативен тест, но лабараторијата и симптомоте сугерирале на Ковид. Тие кои се пациентки со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не кај позитивните туку со суспектните пациентки
Пациентката која почина имала нагони на гадење, повраќање и дијареа, не биле клаисични симптоми како кашлање и температура. Направен е ПЦР тест кој покажал дека е позитивна, но и да нема тест а доколу има клиничка слика која покажува сомнеж, таа ќе се третирала како сомнителен случај на Ковид 19, така е кај нас и секаде во светот.
-Семејството било вознемирено бидејќи ја убедувале да остане, не може да кажеме дека имала траги на семејно насилство, но таа крварела што може да биде пример за истото, но таа одби да одговори ,вели директорката.
Инаку неофицијално 22 годишната почината трудница е Ромка од населбата Даме Груев во Скопје.

Четири години од смртта на кралицата на Ромската музика – Есма Реџепова Теодосиевска

На 11 декември се навршија четири години од смртта на најпозната кралица на ромска музика Есма Реџепова- Теодосиевска. Таа почина во 2016 година.
Инаку Есма е родена во Скопје на 8 август 1943 година. Таа била петто од вкупно шест деца на Ќанија и Ибраим Реџепови. Кариерата и започна скромно со турнеи низ Македонија. Првиот настап надвор од тогашната СФРЈ бил во 1961 година во Бугарија.
Инаку од 1960 година Есма станува жител на Белград.
Есма никогаш не родила свои деца во бракот со Стево Теодосиевски но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“.
Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.
Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Изврши повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.
Инаку на социјалните мрежи поповод годишнината на нејзината смрт се огласи и Симеон Атанаосв еден од 47 посцоиени деца на Есма и единствен кој беѓе покрај неа до последниот ден. Тој на совојт ФБ профил напиша: „ Изминаа четири години откако те нема, јас сеуште се борам да се исполни вашата желба и аманет. Оваа власт не покажаа грам почит кон вашето дело, голем срам! Но,јас и понатака ќе продолжам со борбата за вашиот аманет да биде исполнет.
Почивај во мир Мајко моја„

Регулаторна комисија за енергетика: Нема покачување на струјата, ќе се субвенционираат сиромашните

Станува збор за ранливи категории на потрошувачи, односно оние кои што земаат социјална помош. Оваа обврска кон ЕВН е утврдена во правилата за снабдување со електрична енергија, и таму е точно дефинирано дека овие ранливи категории на потрошувачи за време на грејната сезона, декември, јануари и февруари, не смее да бидат исклучени. Значи нема ниту еден потрошувач кој што прима социјална помош и е во ранливата категорија на потрошувачи дефинирана од Владата, да е исклучен. Она што го прави РКЕ е дека ќе испратиме допис и предлог до министерството за економија да се зголеми опсегот на ранливите категории на потрошувачи, изјави во Утрински брифинг Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Покрај овие што примаат социјална помош ќе предложиме и други категории кои сметаме дека се ранливи и се соочуваат со неможност за покривање на своите сметки да бидат вметнати во овие категории на потрошувачи што би подразбирало и плус да примаат дополнителна финасиска помош од страна на државата. Во текот на наредната недела оввие категории ќе се конкретизираат и јавноста ќе биде известена, вели Бислимовски и додава дека до овој момент нема барање за ново покачување на струјата и доколку дојде истото ќе биде одбиено.

Средба на министерката за култура Ирена Стефоска со пратеничката во македонското собрание Љатифа Шиковска и претседателот на РДИЦМ Зоран Димов

Како дел од заложбите за издигање на културната вредност и идентитет кај Ромската заедница во РСМ на работна средба со Министерката за култура Ирена Стефоска беа пратеникчката во Парламентити на РС Македонија Љатифа Шиковска и Претседателот на РБИЦМ Зоран Димов.
За време на средбата од страна на Шиковска и Димов, на министерката Стефоска и преземтираа дел од состојбите во областа на културните активности кај Ромската заедница во државата. Тие сметаат дега засега таа состојба не е на задоволително ниво, и сметаат дека таа состојба може да се подобри на едно повисоко ниво. Тие од страна на министерката беа охрабрени да се превземат конкретни чекори во креирање на планови, стратегии и програми кои се тесно поврзани со активностите во областа на културата, традицијата и јазикот.
Истовремено како една од заложбите е и институционално вклучување на ромската заедница во институциите за култура во државата. Тоа подразбира можнсот за вработување на Ром/ка во Министерството за култура, како и вработување на Роми во културните домови / центри низ државата каде што функционираат. Истовремено се потенцира и потребата од поквалитетно медиумско презентирање на сите тие активности, како и разработување на програмски активности во медиумскиот сектор преку ромските редакции на „Бијандипе„ во националната радио и телевизија на МРТВ. Таа обрвска ќе ја превземе пратеничката Шиковска кој оваа идеја ќе ја спроведува преку Собранието на РС Македонија.
За да се слушнат сите страни кои се инволвирани во активностите ид областа на културата, традицијата и јазикот како и предлог на идеи, концепт , програми и проекти кој подоцна ќе се комплетираат како Предлог оперативен акционен план од областа на културата во наредните две години, по иницијатива на Шиковска ги повикува сите Ромски Здруженија, Асоцијации и организации чии активности се токму од областа Култура на заеднички Видео состанок на 15 декември оваа година. Сите произлезени идеи и предлози потоа ќе бидат преточени во Оперативен акциски план 2021 -2022, кој ќе и биде доставен до министерката за Култура. Таа иницијатива која ќе се спроведе и сите заинтересирани ќе можат да се пријават кај координаторот за таа средба Претседателот на ЗРДИЦМ, Зоран Димов на следниот е маил - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. најдоцна до 14 Декември 2020 – Понеделник до 16 часот.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 162 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата