Социјала

Хуан де Диос Рамирез-Хередија Монтоја испрати предбожиќна порака:Ценете ги семејните вредности како што го прават тоа Ромите од целиот свет

Познатиот шпански адвокат, новинар и делгат на ИРУ Хуан де Диос Рамирез-Хередија Монтоја испрати предбожиќна видео порака во која меѓудругото вели:
„ Кој добро не познава, знаеме што значи семејството за нас Ромите. Ништо и никој не е над семејното јадро. Затоа толку многу ги цениме единството и блискоста. Затоа нашите деца кога ќе стапат во брак и ќе формираат ново семејство, сакаат да продолжат да живеат во близина на домот на нивните родители. И на ручек, за нас, секој ден од годината е Божиќ, бидејќи секој ден од годината споделуваме со нив што има малку или многу во куќата.
Но, денес околностите се целосно променети. Страшната пандемија што го погодува светот нè погоди брутално. Нашите луѓе, најсиромашните, нај маргинализираните, кои останаа без работа затоа што се затворија пазарите или затоа што нивните привремени работни места се поврзани со хотелска трговија или туризам, беа принудени да се обратат во добротворни цели на своите соседи за да ги носат парче леб до нивните куќи.
А, расизмот што не запира, одозгора, не обвини дека сме тие што ја ширеле болеста во нивните соседства. Но вистината е дека ние сме биле најпогодени затоа што тоа биле другите кои не заразиле со оваа болест.
И покрај сè, во име на ИРУ и нејзините членови, ви посакуваме мир и добро на овие свети денови за голем дел од човештвото.„ се вели на крајот од видео пораката на Хуан де Диос Рамирез-Хередија Монтоја која можете да ја проследите на следниот линк - https://unionromani.org/2020/12/11/para-nosotros-y-para-nuestros-hijos-todos-los-dias-del-ano-es-navidad/https://unionromani.org/2020/12/11/para-nosotros-y-para-nuestros-hijos-todos-los-dias-del-ano-es-navidad/

Неславен јубилеј: 15 години од кандидатскиот статус за ЕУ на Република Северна Македонија

На 17.12. пред 15 години Македонија доби кандидатски статус за ЕУ. Петнаесет години подоцна, земјата го дочекува овој датум со потврдена блокада за нејзиниот почеток на преговори со ЕУ Петнаесет години подоцна, во пресрет на 17-ти декември 2020 година, стигна потврда дека земјава и натаму останува пред портите на Брисел, без можност да ги почне преговорите со ЕУ. Коинциденција, иронија на историјата, или многу повеќе од тоа? Според македонската влада, во прашање е огромна геостратешка грешка на ЕУ.
„Се потврди ветото на Бугарија, со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја во ЕУ, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериуми за да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за да започнат преговорите. Ние испорачуваме, а ЕУ не ги одржа своите ветувања, и во овој момент не го добиваме правилниот одговор. Бугарија и ЕУ ја повторуваат грешката во однос на Северна Македонија. Историската грешка во 2019 година, сега е огромна геостратешка грешка на ЕУ“, соопшти синоќа Владата.
Причини за разочарување има, ако се има предвид дека пред 15 години Македонија беше нарекувана „балкански лидер" на интегративниот пат.
Каде бевме, каде сме
Колку за илустрација, кога Македонија доби кандидатски статус во 2005 година, Црна Гора сѐ уште не беше самостојна држава. Се осамостои во 2007 година, а во 2012 година официјално ги почна преговорите со ЕУ. Србија доби кандидатски статус во март 2012 година и следната година ги започна преговорите со ЕУ. Прва од земјите на поранешна Југославија  која стана членка на ЕУ е Словенија, на 1 мај 2004 година. Втора од земјите на поранешна Југославија е Хрватска, која стана членка на ЕУ на први јули 2013 година. 
Македонската европска приказна започна уште по осамостојувањето на земјата во 1991 година, кога партиите и од власта и од опозицијата постигнаа консензус дека иднината на Македонија е во ЕУ.

ООН: Државата треба да ги обесштети Ромките од Шуто Оризари кои биле одбиени да изберат матичен гинеколог

Прва одлука на ООН со која се утврдува нееднаков пристап и дискриминација
од страна на гинеколог во Македонија, по основ на етничката припадност
На 2 декември, Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените при Организацијата на обединетите нации (ООН) утврди повреда на правото на еднаков третман и дискриминација кај две жени од Шуто Оризари на кои им било оневозможено да добијат гинеколошки услуги. По петгодишна битка, ООН ја утврди неправдата и даде низа препораки за државата за структурни промени и искоренување на штетните практики во пристапот до гинеколошките услуги на Ромките.
Во септември 2016 година С.Б. и М.Б поднесоа тужба до Основниот суд во Скопје против една приватна гинеколошка ординација во Скопје откако во 2015 година беа одбиени да го изберат гинекологот за матичен и да го остварат своето право на здравствена заштита, со објаснување од страна на медицинската сестра дека ординацијата повеќе не прима млади пациентки. Двете жени бараа од Судот да утврди дека над нив е извршена дискриминација по основ на етничката припадност и дека им е повредено правото на еднаков третман за заштита на репродуктивното здравје. Истовремено, во 2015 година во истите денови жени од македонската етничка заедница исто така поднеле барање за избор на матичен гинеколог и биле веднаш примени и прегледани.
Основниот суд Скопје ја одби тужбата за дискриминација на С.Б и М.Б како неоснована. Против пресудата беше поднесена жалба до Апелациониот суд, кој ја потврди првостепената одлука дека во конкретниот случај нема дискриминација. По исцрпувањето на националните правни лекови, во 2019 година Иницијативата на жени од Шуто Оризари, со поддршка од ХЕРА и Хелсиншкиот комитет за човекови права, поднесе индивидуална претставка за сторена дискриминација на двете Ромки до Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените во ООН.
На 77-та сесија, Комитетот утврди повреда на правата на двете Ромки загарантирани согласно членовите 1, 2 и 12 од Конвенцијата, односно повреда на правата и дискриминација во пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Поточно, Комитетот утврди дека државата не обезбедила а) практична реализација на принципот на недискриминација во пристапот до услуги за репродуктивно здравје, б) ефективна заштита од дискриминација на жени во рамки на судскиот систем и в) соодветни мерки за да ја елиминира дискриминацијата врз овие жени сторена од страна на инволвираните лица, односно приватната гинеколошка ординација.
Ваквата одлука на Комитетот е прва ваква одлука против нашата држава, што е особено значајно бидејќи јасно ги препознава дискриминацијата врз Ромките и потребата од достапна здравствена заштита поврзана со нивното сексуално и репродуктивно здравје. Комитетот посочува и на непреземањето на конкретни мерки од страна на државата, потребата од подигнување на свеста на судиите за дискриминацијата, како и на правните аспекти на товарот на докажување.
Согласно дел од изречените препораки од страна на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Иницијативата на жени Шуто Оризари бара:
- Државата да ги обесштети жените поради претрпената материјална и морална штета од нееднаквиот пристап до редовни гинеколошки услуги;
- Министерството за здравство во иднина да им обезбеди бесплатни здравствени услуги за репродуктивното здравје на Ромките кои се жртви на дискриминација и нехуман третман;
- Што побрзо да започне со работа новата гинеколошка ординација во општината Шуто Оризари што ја најави Министерството за здравство, а која и натаму не е во функција;
- Министерството за здравство да организира обуки за здравствените работници, особено за гинеколозите, во врска со дискриминацијата врз Ромите и нивните специфични потреби како дел од континуираната медицинска едукација;
- Владата на Република Северна Македонија јавно да ги објави одлуката и препораките на Комитетот со цел да бидат информирани сите сектори во општеството.
Дополнително, Иницијативата на жени од Шуто Оризари, со поддршка од ХЕРА и Хелсиншкиот комитет за човекови права, ќе поднесе барање за повторување на судската постапка со цел да им се вратат достоинството и честа на жените Ромки.

Германија: Фејк њуз или вистина – Се бараат лица кој за 11.000 евра ќе лежат 30 дена во кревет

Звучи како примамлива понуда за работа - 11.000 евра за 30 дена лежење во кревет. Она што звучи како сон всушност е понуда од Германскиот воздухопловен центар (DLR).
Во Келн центарот бара 12 машки и 12 женски лица за студијата, каде DLR ќе ја направи во името на НАСА 2021. Студијата ќе трае 60 дена . Од тоа 30 дена одмор во кревет.
DLR вети исплата на име трошоци во висина од 11.000 евра за потполно учество.
“Сепак тоа не е лесна заработувачка„ напомена Андреа Ниче од DLR. Таа е одговорна за селекција на кандидатите и јасно даде до знаење: – Не е само лежење и одмарање.
Учесниците на оваа студија мора да останат во кревет 30 дена непрекинато, со глава која мора да биде малку подоле од нозете , одоносно 6 степени.
Не можат да добијат ниту книга од полицата ниту предмети од шкафчето.
“Тоа за машките е посебно тешко„ вели Ниче . Студијата трае вкупно 60 дена, вклучувајки две недели аклиматизација и две недели дополнителна нега.
Слични студии веќе беа направени во DLR. Се користат за испитување како мерки против дегенеративни промени кај астронаутите. Покрај строгиот одмор во креветот, потребно е да се симулираат и состојбите на безтежинска состојба во вселената.
“Затоа и ќе има повеќе случки околу „одморот во кревет„, напомена Ниче. Ќе има повеќе експерименти врз кандидатите, поготово пред и после одморот во креветот, но и за време на одмарањето во креветот. По одмарањето во креветот следува 14 дена фаза на опоравување.
Кандидатите е потребно да исполнуваат низа услови. Потребно е да се на возраст од 24 до 55 години, индексот на телесната маса , односно BMI помеѓу 19 и 30 и да се високи помеѓу 1,53 м и 1,92 м.
Покрај тоа кандидатите е потребно психофизички да се здрави. Студијата ќе се одвова од април до јуни 2021 година. Сакате да се јавите? Заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 02203 / 601-5347 или на E.mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Link: https://www.6yka.com/novosti/njemacka-traze-osobe-koje-ce-za-11000-eura-lezati-30-dana-u-krevetu-evo-ko-se-moze-prijaviti

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 273 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата