Социјала

Евростат: Бугарите се најсиромашен народ во Европа!

Според последните податоци на Евростат, Хрватска е втора најсиромашна земја во ЕУ и само Бугарија е посиромашна од неа.
Најбогат е Луксембург со 35 отсто над европскиот просек, на второто место е Германија со 22 процента.
Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска ја дочинуваат групата на земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 проценти над просекот на ЕУ.
Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.
Таа година, двете земји беа на 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 66 проценти.

Одржана првата Видео коордиантивна средба за Предлог Оперативен план во областа на Ромската култура

Како една од заложбите за институционално вклучување на ромската заедница во институциите за култура во државата и за да се слушнат сите страни кои се инволвирани во активностите ид областа на културата, традицијата и јазикот како и предлог на идеи, концепт , програми и проекти кој подоцна ќе се комплетираат како Предлог оперативен акционен план од областа на културата во наредните две години, по иницијатива на Шиковска се одржа Видео координативна средба со неколку Ромски Здруженија, Асоцијации и организации чии активности се токму од областа културата
Од тука треба да произлезат сите идеи и предлози кој потоа ќе бидат преточени во Оперативен акциски план 2021 -2022, кој ќе и биде доставен до министерката за Култура. Се зборуваше на повеќе теми и поради обемноста на темите закажана е и втора видео средба во сабота на 19 декември со почеток од 12 часот на пладне.

Светска банка одобри нов проект, во вредност од 21,5 милиони евра, за поддршка за учениците во основното образование во државава, вклучувајќи ги Ромите

Светска банка одобри нов проект, во вредност од 21,5 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка за учениците во основното образование во државава, вклучувајќи ги Ромите, девојчињата и другите маргинализирани групи, преку воведување на подобри услови за учење и преку подобри училишта. Со проектот ќе се поддржи и спроведување современ систем за професионален развој и напредување во кариерата на наставниците, директорите и мултидисциплинарните тимови за професионална поддршка во основното образование.
Заемот од СБ во износ од 21,5 милиони евра е со рок на отплата од 11 години, вклучувајќи и грејс период од 3 години и време на спроведување од пет години. Проектот ќе биде спроведен од страна на Министерството за образование и наука, информираа денеска од Канцеларијата на СБ.

Италија: Кој ќе одговара за смртта на 32 годишната Ромка, која почина по царскиот рез во ромскиот камп?

Ена почина во еден ромскиот камп во Секундијано. Таа почина поради компликации од царскиот рез. Здравствените одговорности што доведоа до смрт на младата жена сигурно ќе треба да се разјаснат: дали тие станаа свесни за тековната инфекција? Дали болницата каде што беше примена ја следеше правилно?
Едно е сигурно: кога жената, откако се породи, се врати во кампот, но веднаш се појавија и компликациите и влезе во автомобилот за да се врати во болницата заедно со некои членови на семејството, војниците и полицијата кои го чуваа просторот од тој камп ја блокираа и не ги пуштија да излезат. Тие се сомневаа во вистинитоста на изјавите на жената и ги задржаа. Во тој момент, таа излезе од автомобилот и во обидот да им објасни дека има здравствени проблеим таа се онесвести. Интервенцијата на полицијата го одложила спасувањето, а брзата помош пристигнала многу долго подоцна, и сведоците велат доценла неколку часа.
Тие ја однесоа во болницата, но беше доцна. Така почина една жена, млада мајка од ромските кампови. Нејзиното бебе, кое ја чекаше во инкубаторот никогаш нема да ја види.
Никој не зборуваше за тоа, ниту медиумите ниту јавноста. Првите написи во весниците се појавија во последните неколку часа благодарение на осудувањето на семејството и коминикето од Здружението Чи Рома кое со години следи многу ромски семејства на таа територија.
Овој акт Здружението го назначува како смртна казна за Ромите од тие кампови. Заборавени, напуштени и пред се здравствено несоодветно третирани. Воопшто Ромите во тие кампови се како граѓани од „втор ред„.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 208 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата