Социјала

Вака ќе изгледаат новите ковид пасоши! Дали ќе може да се патува и да се оди на одмор без ковид пасоши и без примена вакцина!?

Информации за тоа дали некој имал коронавирус, дали и кога направил PCR-тест и дали примил вакцина – сето ова во иднина ќе може да се најде во вашите ковид пасоши.
Оваа идеја на големо се разработува во многу земји, а главно ја заговараат туристички работници и авиокомпании кои се надеваат дека може да им донесе спас за време на пандемија. И на дел од обичните граѓани не им пречи, бидејќи се убедени дека во иднина ќе можат полесно да патуваат до омилените дестинации, кои им биле недостапни скоро една година. Некои светски авиокомпании веќе најавија воведување ковид пасоши како услов за идните летови. Така, австралиската авиокомпанија Квантас најави дека вакцинацијата против ковид ќе биде задолжителна за сите нејзини меѓународни патници, но се размислува за воведување на истиот услов и на домашните летови.
Ковид-пасошите за луѓе кои примиле вакцина против вирусот корона можат да стане реалност уште во 2021 година, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев. Ние се разбира, гледаме дека ќе бидат воведени ковид пасоши. Мислам дека некои земји ќе ги воведат побрзо, а други побавно. Но нема дилема дека ќе има авионски летови кои ќе бидат поврзани или со тестирање за ковид-19 или со пасошите за вакцинирање, рече тој за телевизијата Русија 24.
Во некои држави луѓето кои се вакцинираат веќе добиваат такви т.н. ковид пасоши каде пишува на кој ден и со која вакцина се вакцинирани. Во Велика Британија, сите вакцинирани лица добиваат картичка, која сè уште нема правна вредност и не овозможува поголема слобода во врска со патувањата и други активности. Тоа е потсетник со име и презиме, код и датум на вакцинација, како и кога е потребно да се прими втората доза. Франција отиде најдалеку, таму во Собранието се најде законот, според кој само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти. Неговото усвојување, сепак, е одложено, барем привремено. Во многу држави процентот на луѓе што сакаат да се вакцинираат е многу мал, така што условот да се патува со ковид пасоши ќе наиде на големи реакции.

Link: https://vocentar.com/vaka-ke-izgledaat-novite-kovid-pasoshi-dali-ke-mozhe-da-se-patuva-i-da-se-odi-na-odmor-bez-kovid-pasoshi-i-bez-primena-vakczina/

Мрежата за застапување за системскии трајни решенија се прашува: Дали конечно овој парламентарен состав ќе ја исправи неправдата кон Ромската заедница?

На 29 и 30 декември 2020 година Собранието на Република Северна Македонија организираше јавно сослушување на кадидати – Комесари за членови на Комисијата за спречување заштита од дискриминација. За состав на оваа Комисија се пријавија вкупно 44 кандидати. Се поставува прашањето? Дали овој пат конечно, овој состав на пратениците ќе изберат Ром кој во неговото искуство доминира во сите побарувани критериуми.
Пред неколку седници на Собранието на Република Македонија ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Иако е констатирано од многу страни дека Ромите се најдискриминирани по повеќе основи во изминатите два состави не беше најдено за сходно да во сотавот на оваа Комисија за член се избере Ром. Овој ќе биде трет состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а дали ќе се избере останува како одговорност на овој парламентарен состав.
Една од стратешките приоритетите на Мрежата за застапување за системскии трајни решенија е и назначување на член Ром во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Истата Мрежата во 2019 година на неколкуте средби што ги организираше настапи со предлог за застапување со лицето Г-дин Точи Мухамед, преставник на ХДЗР „Месечина„ – Гостивар.
Последнот обид за состав на оваа Комисија се одвива овие денови, каде и по третпат од 2018 до 2020 година за кандидат се пријавува Г-дин Мухамед Точи, раководител на секторот за човекови права и меѓуетнички односи, магистар по правни науки со положен паравосуден испит и 28 години искуство на оваа тема, Ром, кој во неговото портфолио има големи постигнувања во делот на еднаквоста и недискриминацијата.
Дали најмалу 61 пратеник ќе се одвавежат и ќе гласаат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и ќе го изберат Г- Мухамед Точи и ќе ја исправат неправдата нанесена од предходо и дадат важност на препораките на ЕУ за потребата од поголемо учеството на Ромската заедница во општеството, Ова е важен сигнал и за ЕУ затоа што започнува и отварање на Поглавјата 23 и 24, кој токму се наменети за имплементација и заштита на малцинствата во РСМ, вклучително и Ромската, а тука исто така вклучително и Стратегијата на Ромите.
Дали сето ова ќе се спроведе ќе покаже времето.

Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 општини, Шуто Оризари доби 1 милион евра

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски, на денешната прес конференција ги презентираа детали од одлуката за прераспределба на парите од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ целата држава. 
Како што истакна Арсовски, со  35 милиони евра почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 општини. 
Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.

Над 1 милиони евра ќе добијат: Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните.
Градот Скопје ќе има на располагање над 6 милиони евра за два проекти: Клучката Момин Поток и мостот Карпош. 
Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена, ќе биде уплатена на посебна сметка на Генералниот Секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на фабриката ОХИС.

Ромски панк

Ромски панк е хибриден музички жанр кој ја преминува традиционалната ромска музика со панк-рок. Една од првите рок групи која соединила елементите на панк и ромската музика била Motherhead Bug, која била активна главно во раните 90-ти. Пошироката публика се запознала со жанрот откако бендот Гогол Бордело го објавил албумот Gypsy Punks: Underdog World Strike, со фронтменот Евгениј Хацц опишувајќи ги нивните перформанси како „Ромски панк кабаре“. Ромските панк бендови обично комбинираат рок ритам и инструментација со повеќе традиционални цигански инструменти, како што се тапани, тамбури, хармоника, гусла, труба и саксофон. Ромскиот панк не е полн со ромска култура, туку има и недостаток на истата. Ромите, преку своите врски со западното панк влијание, создале музика која им овозможувала на оние што свират да се изразат себеси и да создадат идентитет. Попознати Ромски панк бендови се: Bad Buka, The Hatters, Bohemian Betyars, Outrage, The Kava Kings, The Urban Voodoo Machine, Gogol Bordello и други

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 126 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата