Социјала

27 јануари - Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот

На 27 јануари 1945 година, руската армија влезе во комплексот логор за истребување Аушвиц-Биркенау, ослободувајќи повеќе од 7.000 преостанати затвореници, кои во најголем дел беа болни или умираа. Неколку дена претходно, СС принуди скоро 60.000 затвореници да го евакуираат логорот и да се качат на озлогласените „Маршеви на смртта“, во кои многу илјадници ги загубија своите животи.

Генералното собрание на Обединетите нации ја донесе Резолуцијата 60/7 на 1 ноември 2005 година за да го назначи 27 јануари како Меѓународен ден на комеморација во спомен на жртвите на холокаустот, ден на кој секоја година светот ќе го одбележува и ќе го памети холокаустот и неговите жртви . 76 години по ослободувањето на Аушвиц, поважно е од кога и да е да се потсетиме на универзалните лекции од холокаустот и да се поттикне заедничка култура на сеќавање.

Ромската атлетичарка од Словачка се подготвува за јуниорското првенство во Европа

Кога победи на локална трка во Словачка пред две години, нејзината фотографија на пиедесталот на победниците ја видео многумина. Во споредба со девојчињата кои беа на второто и третото место со патики за трчање, 13-годишната Анамарие Хорватова стоеше на првото место во балетанки.

„Тоа е талент, и многу трудољубива“, вели тренерот Норберт Пеце на прашањето како најдобро да се опише оваа малда атлетичарка. Таа расте во мизерни услови во ромската населба.

После таа победа, таа добиспортски обувки за трчање од спонзор, а Атлетскиот клуб во Молдава Над Бодву, го забележа нејзиниот талент и ја зема во својот клуб. Таа исто така беше посетена од тогашниот претседател на Словачка, Андреј Киска, кој изрази признание за нејзиното достигнување и и посака голем успех во училиште, спорт и живот.

„На почетокот имавме малку проблем со комуникацијата - Анамарија не зборува словачки јазик, но зборува ромски и унгарски“, се сеќава Пеце, кој е и претседател на Атлетскиот клуб. „Зборуваме унгарски едни со други и зборуваме многу. Таа живее во колиба, нејзините хоризонти се ограничени, па правиме се да и пренесеме некое знаење, што за нас е исто толку вредно како и освојувањето медал.  Таа ни носи голема радост во сите погледи. Ние и помагаме материјално, и переме облеката, кога одиме на состаноци и ја спакуваме торбата и плаќаме за ручеците на училиште, така што таа добива урамнотежена исхрана секој ден, одиме заедно на шопинг “, објаснува тренерот.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/romani-runner-in-slovakia-prepares-for-europe-apos-s-junior-championship

 

Обезбедена помош за семејствата кои беа сместени во старото штипско забавиште

Станарите кои живеат во старата куќа, а на штипјани позната како „Старо забавиште“, која вчера изгоре во пожар добија хуманитарна помош од Општинската Организација на Црвен Крст-Штип. Викторија Милановска секретар на ОО Црвен Крст-Штип вели дека до секое семејство е дистрибуирана помош, која се состои од пакет со храна, основни хигиенски производи, постелнина, топла облека и обувки.
-За тридетното семејство со членови помали од три години беа обезбедени и бебешки пакети. Остануваме во постојана комуникација со институциите на системот Центарот за социјални работи и Општина Штип, за да делуваме согласно потребите и можностите, вели Милановска.
Дел од штипски семејства кои биле вселени во оваа куќа веќе се згрижени кај свои роднини и пријатели, а мал дел останале во објектот. Од Општина Штип велат дека за оние семејства кои биле легално вселени решението за нивното сместување е со изградбата на типските куќи со европски пари во населбата Света Недела. По завршување на сите постапки се очекува Општината и наскоро да го реализира проектот, со кој се предвидуваат изградба на сто, а на самиот почеток ќе бидат реализирани 47 типски куќи.

Иницијативата на жени од Шуто Оризари одбележува годишнина од немање на матичен гинеколог во општина Шуто Оризари!

Долгогодишниот проблем со немање на гинеколог во најголемата ромска општина во светот – Шуто оризари, никако да му се стави крај. По тој повод Иницијативата на жени од Шуто Оризари одбележува годишнина од немање на матичен гинеколог во општина Шуто Оризари, и испрати свое соопштение до медиумите каде се вели:
8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19 откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација.
Иако Министерстворо за здравство најави отворање на нова гинеколошка ординација, истата сеуште не е отворена и репродуктивното здравје на жените од нашата општина веќе подолго време е ставено во ризик.
Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерство за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација во Шуто Оризари, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки, стои на крајот од ова соопштение од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 395 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата