Социјала

Колку пари се собраа во Буџетот од казните за неносење маска од почетокот на одлуката?

Најмалку 1.360.000 евра влегле во државниот буџет од казни што граѓаните ги платиле за неносење заштита на лицето. Од Министерството за внатрешни работи до сега регистрирале 136.227 прекршоци по тој основ. Казната за неносење маска изнесува 20 евра, односно 10 евра доколку се плати во рок од осум дена. Тоа значи дека откако е воведена мерката до сега граѓаните го збогатиле државниот буџет за износ меѓу 1.360.000 и 2.720.000 евра.

Граѓаните се со поделено мислење за тоа дали треба да се носи маска на отворено, но и за висината на казните.

Сепак, за време на пандемијата во буџетот се слеале многу повеќе пари од казни за непочитување на превентивните мерки, на пример, групирање, непочитување на решенија за изолација, прекршување на полицискиот час итн. Токму за непочитување на забрана за движење од МВР регистрирале 5.414 прекршувања, за кои потоа Обвинителството и судовите ја одредуваат висината на казната, која може да изнесува и над 1.000 евра. Сумата која влегла во буџетот по овие основи не е позната.

Какво е нивото на пораст на населението во Р.С Македонија? Тој досега се движел од 8 до 10%

Како наближува статистичката операција Попис на населението, по цели 19 години, започнуваат и дискусиите околу бројките за населението во државата.

Во периодот од 1948 година до 2002 година во државата се спровеле шест целосни пописи (1948, 1953, 1961, 1971, 1981 и 2002).  Инаку имаше и три несупешни обиди да се спроведе оваа статистичка операција (1991, 1994 и 2011).

Според нивото на пораст на населението досега според некоја аритметичка нивелација тој се движеше од 8 до 10% во просек.

Во 1948 година вкупниот број на население изнесуваше 1.152.986 од кои Македонци – 789.648 (68,5%),  Албанци – 197.389 (14,5%), Срби – 29.721 (2,6%), Роми – 19.500 (1,7%),

Црногорци – 2.348, Хрвати – 2.090 и Муслимани – 1.560

На пописот во 1953 тоа ниво се движеше Вкупно – 1.304.514,  Македонски – 860.699 (66%), Албански – 162.524 (12,5%), Срби – 35.112 (2,7%), Роми – 20 462 (1,6%),

Хрвати – 2.771, Црногорци – 2.526 и Муслимани – 1.591.

Во 1961 Вкупно – 1.406.003, Македонци – 1.000.854 (71,2%), Албанци – 183.108 (13%), Срби – 42.728 (3%), Роми – 20.606 (1,5%), Хрвати – 3.801, Црногорци – 3.414, Муслимани – 3.002,

Југословени – 1.260 и Словенци – 1.147.

На следниот попис во 1971 година вкупно – 1.647.308,Македонци – 1.142.375 (69,3%),  Албанци – 279.871 (17%), Срби – 46.465 (2,8%), Роми – 24.505 (1,5%), Хрвати – 3.882,

Југословени – 3.652, Црногорци – 3.246 и Муслимани – 1.248. На следниот 1981 година

Вкупно – 1.912.257, Македонци – 1.281.195 (67%), Албанци – 377.726 (19,8%), Срби – 44.613 (2,3%), Роми – 43.223 (2,3%), Муслимани – 39.555 (2,2%) Југословени – 14.240

Црногорци – 3.940 и Хрвати – 3.349.

На последниот 2002 година, вкупно – 2.040.929, Македонци – 1.297.981 (64,18%), Албанци – 509.083 (25,17%), Турци – 77.959 (3,85%), Роми – 53.879 (2,66%), Србите – 35.939 (1,78%)

Бошњаци – 17.018 (0,84%) и Власи – 9.596 (0,48%).

Од Том Роџерс: Сведочењето за „Кампот Аушвиц“ во Капитол во САД не принудува да се сетиме на „заборавениот холокауст“ на Ромите

На 27 јануари 1945 година, 322-та пешадијска дивизија на Црвената армија влезе во, како што изгледаше, набрзина напуштениот логор за принудна работа  „Arbeit Macht Frei “ беше фрлен во портите,. Советските трупи требаше да се соочат со ужасите на Аушвиц-Биркенау, каде што нацистите го направија геноцидот на национална индустрија.

Поплавени ромски семејства од Пертат без помош на надлежните од општина Либан, организацијата „Старт живот“ вети помош

Семејството Демировиќ во Пертат со две мали деца немало вода од 11 јануари годинава бидејќи бранот од поплави го уништи нивниот хидрофор и уништи помошна зграда во која беа уништени залихи брашно и целата зимска куќа, а огревното дрво беше одземено од порој или расфрлано преку полето, пишува JuGmedia.

Првиот човек на куќата, Милош Дејан Демировиќ, вели дека по два дена се случила комисија за попис на штетата од локалната самоуправа на Либан и дека оттогаш никој не се појавил.

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 449 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата