Социјала

Македонија: Помошта од 100 евра не доаѓа до сите на кои им е потребна

Износот на социјална помош иако пред неколку години беше зголемен од 65 евра  на 120 до 150 евра, во зависност од бројот на членови во семејството, не ги реши сите егзистенцијални проблеми на луѓето на кои помошта од државата им е најпотребна. Во овие февруарски зимски денови на околу сто социјално загрозени семејства во кои има болни, стари или невработени членови, или повеќе деца се издржуваат од таа помош, состојбата и положбата им ја влошуваат дополнителни прекини во примањата на парите поради неплатени долгови. Има многу семејства, сметките за комунални услуги се повисоки од износот на социјалната помош. Тие се оставени без никакви примања и живеат во страв од дополнително осиромашување.

Во Македонија има 32 илјади корисници на социјална помош од државата а поради пандемијата дополнителни 5 500 граѓани се регистрирaни како приматели на помош. Добиваат и помош од 15 евра за сметки поради пандемијата.

Од невладиниот сектор велат дека помошта, која за некои не доволна да платат сметки, дополнително се намалува поради пари кои луѓето треба да ги дадат за провизија на банките за одблокирање на сметките . Тие посочуваат дека дел од извршителите кога активистите ќе им однесат потврда дека лицето е корисник го деблокираат, но банката му наплаќа околу 25 евра  провизија, а во случај пак ако извршители отишле во странство по неколку месеци корисници неможат да добиваат приход зашто се блокирани.

In memoriam: Почина истакнатиот ромски интелектуалец Ибрахим Османи

Ненадејно и по кратко боледување на 77 годишна возраст во Врање, Р.Србија на 13 февруари оваа година почина истакнатиот ромски интелектуалец и професор Ибрахим Османи.

Тој е истакнат по своето залагање на зачувување на ромската култура, традиција, историја како и придонес во зачувување на ромскиот јазик и негова стандардизација. Целиот свој животен и работен век го посветил токму на тие полиња. Роден е на 30 декември 1944 година. Има завршено Филолошки Факултет „Блаже Конески„ во Скопје, отсек Српскохрватски јазик и југословенска книжевност. Беше професор по српскохрватски јазик во неколку училишта во Врање, Србија каде и се пензионираше и живееше.

Со  неговата смрт ромскиот народ изгуби истакнат член од заедницата, но неговите дела ќе останат како еден документ и насока на делување на идните генерации млади и прогресивни Роми. Во продоложение проследет го едно од неговите последни обраќања, како мотив порака за идните генерации

 

Youtube:

Отворен повик за наградата на ЕУ за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција

Повикот за аплицирање за наградата на Европската унија за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција за 2021 година е отворен, а годинашното издание на наградата е посветено на истакнати луѓе кои промовираат еднаквост преку вработување.

Наградата за интеграција на Ромите во ЕУ 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи чувствителни на проблемот со недостаток на вработување во ромските заедници, ќе понуди признавање, публицитет и поддршка на позитивните модели со давање конкретни, опипливи резултати.

Интеграцијата на Ромите останува клучен приоритет во процесот на проширување на ЕУ и Европската комисија е посветена на поддршка и признавање на работата на ромските и не-ромските јавни институции, приватни фирми, бизниси, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, институции, компании, работодавци и поединци како што се наставници или здравствени работници и граѓански организации кои помогнаа и постигнаа значителен напредок, конкретни одржливи резултати и позитивни промени што го олеснуваат вработувањето на Ромите.

Наградата е финансирана од Европската унија и спроведена од Рома Активна Албанија.

Рокот за пријавување е 30 април 2021 година.

Врска до формуларот за апликација:: https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/default/files/application_eu_award_roma_integration_2021.pdf 

Летонците имаат најмногу предрасуди кон Ромите и муслиманите, покажува студијата

Студијата, насловена како „Интеркултурни стереотипи и предрасуди во летонското општество“, од 1009 испитаници се побара да проценат тринаесет групи во општеството, дефинирани според етнички, географски, расни или религиозни карактеристики. Групите беа Летонци, Руси, Украинци, Швеѓани, Американци, Евреи, Узбекистанци, Кинези, Индијанци, Роми, Африканци и муслимани.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 368 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата