Социјала

Хуманиот уметник; Дурмиш Ќазим го продава уметничкиот портрет со Есма, да помогне во борбата со болеста на неговата пријателка уметничка Андријана Мациева

Сликата „Магичниот глас„ каде е портретот  на Есма Реџепова - Теодосиева а направен од страна на познатиот уметник Дурмиш Ќазим кој живее и работи во  Брисел, Белгија, ја стави на продажба за да може тие средства  да ги донира на сметката на младиот уметник од Кавадарци Андријана Мациева .

Андријана се бори со тешка болест, и затоа и требаат средства за лечење на истата. Дурмиш Ќазим почувствува одговорност дека е потребно да се помогне и затоа овој портрет на Есма изработе во сув пастел на хартиоа со димензии 100/70 см и врамен го нуди за 200 евра. Сите потернцијални купувачи на овој протрет  можат да се обратат на ФБ профилот на уметникот Дурмиш Ќазим или на ФБ страната отворена токму за оваа намена.

- https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=564200544501020&id=555871665333908

Во Република Северна Македонија секој шести граѓанин е партиски член – дали е тоа од интерес или идеологија?

Идеологија на политичко уверување или демагогија за остварување лични интереси? Дали партијата е единствената опција за напредок и успех?

На Балканот „популарноста“ на партиската книшка не излегува од мода. За разлика од земјите во регионот каде во партија се зачленува и до 15 отсто од населението, европскиот просек е 3,5% од вкупното население во земјите.

Пред неполн месец владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија ја започнаа постапката за ажурирање и активна регистрација на членството. На терен тоа значи дека 1 563 тима од 74 општински организации ги посетуваат домовите на партиските членови.

Очекувањата на раководството на СДСМ се дека по ажурирањето ќе имаат околу 60 000 члена. Тоа значи дека близу 3% од населението е член на владејачката партија. Но, релативно високиот број членови на СДСМ не е изолиран феномен.

Според податоците што ги добивме од Централиот регистар, во Северна Македонија постојат 65 политички партии. Издвоивме 15 кои на минатите локални и парламентарни избори оствариле некаков резултат и ги прашавме – колку членови имаат.

Според висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, тие имаат околу 100 000 члена. ДУИ, пак, брифира дека имаат 75 000 члена. Демократски сојуз вели дека имаат издадено 34 000 партиски книшки, а Алијанса за Албанците 20 000. Ако се соберат бројките од 12 партии што ни одговорија, само тие имаат 351 500 членови.

Доколу се користи проценката на „книгата на факти на ЦИА“, дека Северна Македонија брои население од 2,13 милиони, тоа значи дека 16,5% од населението, или секој шести, е член на политичка партија. 

Реалноста е уште пострашна кога ќе се направи споредба колку граѓани на развиените земји имаат партиска книшка.

Така, ако во СДСМ членува околу 3% од популацијата во земјава, а во ВМРО-ДПМНЕ околу 4,7%, во Велика Британија, на пример, владејачката Конзервативна партија на Борис Џонсон има 191 000 членови во земја од 66 милиони жители, или со партиска книшка на власта се само 0,29% од луѓето.

Во Германија, владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел има 407 илјади членови што е 0,5% од германското население. Партијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, има близу 420 000 членови или околу 0,63% од популацијата. Сепак, како се оди на југ, работите се менуваат. Владејачкиот ХДЗ во Хрватска има 220 000 членови во држава од четири милиони жители, што е 5,5% од населението. Апсолутен лидер во регионот е СНС на српскиот претседател Александар Вучиќ. Партијата има 750 000 членови на близу седум милиони жители, што е 10,71% од населението.

Повторно брутално претепан Ром во Битола

Преку социјалните мрежи деновиве повторно се укажа за предметни случки на физичка бруталност по етничка основа каде се укажа дека во Битола бил претепано лицето Ј.В, кој деновиве доби широко медиумско внимание за настан кој се случи на 09.02.2021 год. За јавностa на кое преку live пренос беше укажано за случајот, станува збор за претепано лице Ј.В. од засега непознати лица. Во полицискиот запис на кој е ислушан Ј.В. од полициски службеник во Битола, повредениот го укажа целиот настан како и што се случи. Впрочем целиот настан е поврзан со сомневање дека врз него непознатите лица без причина или докази започнаа физичка пресметка со тоа дека наводно од домот на лицето непознат на возраст ид околу 50 години било украдено возило (комбе) и возилото го управувал Ј.В. Но лицето кој бил претепан укажа на спротивното и дека станува збор за невистина. Рома Пресс по службена должност го контактира портпаролот на МВР кој рече  дека полицијајата е запознаена за случајот и итно се превземаат сите активностите да се најдат сторителите и да се расчисти случајот (поднесоците се во тек). На 09.02.2021 во СВР Битола Ј. В (26) од Битола пријавил дека на ден 08.02.2021 на ул”Бул.„1-ви Мај“ во Битола, непосредно пред објектот на Територијалната противпожарна единица во Битола, бил физички нападнат од страна на две лица кои му нанеле повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Link: https://romapress.mk/featured/ani-bitola-mardo-rom-j-vejsel/

Расизмот кон Ромите е луксуз кој не смееме да си го дозволиме

Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат, напомена Неда Коруновска, директор на оддел, Канцеларија за Ромски иницијативи при мрежата на фондации Отворено општество.  Јавните политики во регионот, Ромите ги третираат единствено како социјален проблем кој треба да се реши, или кој најчесто се игнорираа. Отсуствува визија и лидерство да се види потенцијалот кај Ромите, и тие да бидат препознаени како важен ресурс за регионот. Тоа, донекаде, и ја објаснува економската стагнација и слабоста на демократската срж. Барањето на излези од кризата во која сега се наоѓаме поради пандемијата, е можност, работите конечно да се сменат. Пред околу десет години, Светска банка ѝ укажа на Бугарија дека дискриминацијата на Ромите и нанесува буџетски загуби од најмалку 370 милиони евра годишно. За најсиромашната земја во Европската унија, ова е, благо речено, луксуз. Од друга страна, доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Имено, вкупните буџетски придобивки од продуктивноста се меѓу 27,9 и 101,7 милиони евра, додека даночните приходи се во опсег помеѓу 4,0 и 14,5 милиони евра (во зависност дали се користат податоци од Пописот од 2002 за ромското население, или проценките на Советот на Европа од 2012).

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 359 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата