Социјала

Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни решенија достави документ - Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење до државниот врв

Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни  решенија достави документ - Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење до државниот врв на Република Северна Македонија. За време на приемот и средбите со преставниците од Мрежата беа доставени до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Зорам Заев, до Претседателот на државата г-ин Стево Пендаровски и до Претседателот на македонското собраније господин Талат Џафери.

Повеќе...

Кочани: Жители од кочанската населба Трајаново трло со каубојско насилство претепале 10 годишно дете за наводна кражба на 2-3 цепанки дрва.

На сите портали осамна информација дека на ден 11 април оваа година околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата Трајаново Трло во Кочани и група крадци, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди.

Но вистината е сосема поинаква.

Еден час по полицискиот час жителите од кочанската населба Трајаново трло физички малтретирале малолеттно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба со нколку цепанки од дрва.

Тие почнале со клоци и тупаници додека детето ги молело плачејќи ги молело да престанат тие продолжија да  го удираат нанесувајќи ми телесни повреди. По ова малтретирање дојде група на сограѓани кои сакаа да престане тоа физичко малтретирање за потоа во целата таа ситуација дојде и до физичка пресметка.

 

Медиумите сакајќи да го минимизираат целиот случај информацијата ја објавиле на начин дека имало физичка пресметка на жители од кочанската населба Трајаново Трло со група крадци, кога вистината е дека всушност тие граѓани тепале дете на возраст од 10 години.

Од Полициската станица го потврдија случајот на кој сè уште се работи, а официјално известување најавија во текот на денот.

Со реакции и на социјалните мрежи каде кружи и видеото беше упатена остра реакција која меѓудругото се вели:

„ Срамота и катастрофа. Пример од месноста Трајаново Трлово за кој што треба да има соодветна разрешница за насилниците кон 10 годишното детенце и нечовечките постапки кои што се далеку од секое цивилизациско и било какво граѓанско достигнување.

Во друг коментар се вели: „ Колку луѓето можат да се претворат во ѕсверови поради етничка нетрпеливост.„

 

 

ФБ видео: https://www.facebook.com/messenger_media?thread_id=100000359196754&attachment_id=2833743466942284&message_id=mid.%24cAAAAABN-0SB-90xHbF4xgb7qVxoy

Во сенка на 8-ми Април - Меѓународноот ден на Ромите: Од 18 вработени во Општина Шуто Оризари, само 8 се Роми

Педесет години од воспоставувањето на 8 април како Меѓународен ден на Ромите, Ромките во Македонија и натаму мака мачат да влезат на пазарот на трудот поради долгогодишната системска дискриминација, заклучуваат од иницијативата „Хера“. Имено, за ова сведочеле и податоците според кои само четири Ромки се вработени на раководни позиции во јавните институции, а на нераководни позиции тие се застапени со само 0,47 отсто од вкупниот број на вработени.-Ова го илустрираат и податоците според кои Иако Шуто Оризари е најголемата општина со ромско население во државата, од вкупно 18 вработени лица во Општината, само осум се Роми. Фрапантен е и податокот дека ниту една Ромка не е вработена во центрите за вработување во државата. Во 30 центри за вработување низ државата, само двајца Роми се вработени и тоа на нераководни работни места, се наведува во сопштението. Додаваат дека од вкупно 7.647 лица кои ги користеле активните мерки и услуги за вработување во текот на 2019 година на национално ниво, само 169 се Ромки, што е крајно поразително ако се има предвид фактот дека 4 632, односно 4,6 отсто од регистрираните невработени лица се Ромки.

Исто така потенцираат дека според Националниот оперативен план, од вкупниот број на регистрирани невработени Ромки на национално ниво, дури 94,88 отсто се без образование или само со основно образование.

 

Link: https://denesen.mk/megjunaroden-den-na-romite-od-vkupno-18-vraboteni-vo-opshtina-shuto-orizari-samo-8-se-romi/

Сремска Митровица: Починал пред амбулантата, семејството тврдо дека во амбулантата за Итна помош не сакаа да го примат

Живко Ракулиќ почина на 1 април во раните утрински часови, пред здравствената клиника во Сремска Митровица, бидејќи, како што тврди неговото семејство, тој не бил примен во амбулантата за преглед. Додека во Здравствениот дом беше формирана комисија за истражување на фактите за овој случај, семејството поднесе кривична пријава против институцијата и вработениот. Неутешното семејство Ракулиќ рече дека поради задушување и болка тоа утро околу шест часот, Живко пристигнал во амбулантата во Сремска Митровица со колега. Медицински техничар го чекаше на влезот и му рече дека случајот не е итен и дека треба да се јави кај својот лекар во Здравствената станица. Бидејќи брзата помош се отвора во седум часот, наскоро Живко починал пред зградата, веројатно како резултат на срцев удар.

Со цел да се дознае вистината, и како што велат, ова никогаш повеќе нема да се случи, семејството ангажирало адвокат. Кривична пријава е поднесена до Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Живко Ракулиќ (56) е доброволен дарител на крв повеќе од три децении и им помогна на многумина. Од властите се дознава дека е извршена ексхумација на телото во постапката на истрага и утврдување на фактите за неговата смрт.

 

Link: https://www.rts.rs/page/stories/sr/story/125/drustvo/4326628/sremska-mitrovica-krivicna-prijava-dom-zdravlja.html?fbclid=IwAR01z1FFDZ2McubxQiTlkkHjsZ029p2CKGPjzfahWN1sB5Hdi0dHl0rU7Cg

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 260 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата